Болницата во Козле се полни со болни деца – Учебната година ги рашири вирусите

Почетокот на учебната година почна да ги полни амбулантите со болни деца. Според лекарите мешањето на децата ги рашири вирусите. Само во Детската болница Козле дневно имаат по 50-тина пациенти, најчесто со респираторни инфекции. Од институтот за белодробни заболувања очекуваат бројот да се зголемува.
-Со самото мешање на дечињата и вирусите повеќе се шират. Очекуваме во следната сезона која ни претстои зголемен број на пациенти во нашата болница, изјави д-р Анѓелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.
Од детската болница во Козле со совет до родителите да бидат подготвени, бидејќи допрва доаѓа сезоната на вируси и бактерии, а последните години и поради аерозагадувањето до последно место се полни оваа педијатриска установа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.