Вака се менува менструацијата кога жените ќе наполнат 40 години

Период на големи промени

Кога жените ќе наполнат 40 години, нивните телесни функции полека се приближуваат кон менопаузата.

Телото се соочува со хормонски промени и колку порано се помирите со тоа, толку повеќе ќе си го олесните животот во четириесеттите.

„Фазата помеѓу ‘нормалниот циклус’ и менопаузата може да трае до пет години и таа се вика перименопауза“, откриваат докторите.

Можен изостанок на менструацијата

Со оглед на тоа што нивото на хормоните се менува со текот на годините, можно е понекогаш менструацијата потполно да ви изостане. Но не грижете се, тоа е нормално за тие години.

Разликата помеѓу менструациите е пократка

Од одредена возраст, се скратува менструалниот циклус, што значи дека менструацијата ќе настапува почесто, односно побрзо една по друга. Но треба да знаете дека секое тело е различно и дали менструацијата ќе настапи подоцна или порано, може да се разликува од месец до месец.

Грчевите, симптомите на ПМС и промените во расположението се засилуваат

Хормонските промени по 40-тите можат значително да влијаат на расположението. Не треба да се чудите ако имате ненадејни промени во расположението, дури и ако сте склони на депресија. Исто така, може да се засилат и болките и менструалните тегоби во ПМС.

Помала е плодноста и помали се шансите за бременост

„Јајце-клетките имаат полош квалитет, па затоа се зголемува можноста за спонтан абортус“, тврдат лекарите, но додаваат дека сепак бременоста е возможна.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.