Спасете се од стресот за една минута!

Стресот стана наше секојдневие. Нашиот мозок во текот на денот процесуира 40 до 60 илјади мисли, а повеќето од нив се вртат околу грижата за работите кои се случиле, кои се случуваат или кои допрва ќе се случат. Негативните мисли се оние кои постојано се повторуваат и кои најмногу не окупираат, а со тоа и не заморуваат.

Пробајте ја оваа техника против стресот:

1. Затворете ги очите и фокусирајте се на звуците околу вас. Бебето кое плаче, колегите кои куцаат по тастатурата од компјутерот, автомобилите во сообраќајот…

2. Вдишете длабоко и издишете, како кога сакате да се сконцентрирате.

3. Продолжете со длабокото дишење пет пати по ред и максимално фокусирајте се на тоа.

4. Во текот на дишењето, слушајте го воздухот од самиот влез во вашето тело преку ноздрите, додека ги полни вашите бели дробови па се до излезот од вашето тело преку издишувањето. Обидете се да почувствувате дали тој воздух кој излегува е топол или ладен.

5. Со помош на вашето сетило за слух, вашиот мозок на момент ќе го запре повторувањето на негативните мисли.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.