На Анте Кресиќ му бил дијагностициран рак на белите дробови пред тринаесет години. Хрватските доктори му прогнозирале скорешна смрт. Меѓутоа, Кресиќ имал други планови.
Всушност, тој успеал да се избори со оваа смртоносна болест со помош на домашна, природна медицина која се состои од мед и лековити билки, пишува нмд.мк.
Тој тврди дека целото лекување го документирал и дека за тоа има докази, доволно за да ги замолчи скептиците, но и да им даде надеж на пациентите да продолжат да се борат и да ја победат болеста со овој холистички, евтин лек кој кај него функционирал.
Докторите биле воодушевени од неговиот напредок. Невообичаено, тие го храбреле да продолжи со она што го прави зошто очигледно неговата состојба се подобрувала а тие биле изненадени од неговиот успех.
Кога докторите конечно му направиле целосен преглед, кај Кресиќ не можеле да пронајдат ни трага од ракот во целото тело, благодарение на неговиот мед, кој самиот си го произведувал и некои лековити билки.
Здрав и во полна сила, Кресиќ ги споделува своите искуства низ целиот свет, сметајќи го тоа за негова должност.
Медот во народната медицина е познат веќе со векови, а благодарение на својот состав, се смета за света храна и претставува еден од најважните природни лекови.
Во гробницата на Тутанкамон се пронајдени садови од кои се јадел медот и кои се стари преку 3000 години. Грците и Римјаните за време на војните го користеле за јакнење на организмот и лекување на рани. Сепак, долго во историјата го користеле само оние од богатите слоеви на општеството бидејќи бил многу скап.
Кресиќ не е единствен кој сведочи дека оваа златна густа течност може целосно да излекува рак ако се искомбинира со зачини: борови иглички, ѓумбир и мешавина од други билки. За жал неговата формула остана во тајност.
Една Босанка го излекувала ракот со мед и ѓумбир и го објави својот рецепт во надеж дека ќе успее да му помогне на уште некој.
Таа имала рак на ендокрините жлезди и ја одржувале на апарати 20 дена. Започнала да го користи рецептот и после само неколку дена целосно оздравела без употреба на хемотерапија, операција или било какви други лекови.
РЕЦЕПТ:
Два поголеми корени ѓумбир се ситнат со помош на сечкалка, ренде или блендер. Потоа, ѓумбирот се меша со половина килограм мед. Оваа жена исто така напоменува дека медот мора да биде домашен, и да го купувате од проверени извори.
Вака приготвениот мед се складира во стаклени тегли и се консумира 3-4 пати на ден, по една супена лажица. Важно е да се користи дрвена или пластична лажица, а никако метална. Првите ефекти ќе се појават веќе после 4 дена.
При лекување од рак е многу важно да се остане позитивен и да не се откажувате без разлика што ќе ви говорат лекарите.