Симптоми што покажуваат дека телото не може да се избори со токсините!

Сите болести почнуваат од отровите во цревата

Урамнотеженоста е клучна за одржувањето на доброто здравје. Стресот, неправилната исхрана, недоволниот сон и негативниот став кон работата или луѓето ја оневозможуваат рамнотежата во организмот и не’ фрлаат во токсична замка. Токму затоа, многу е важно да ги чуете сигналите што телото ви ги праќа и да ги исфрлите отровите.

Подуеност

Човечкиот организам секојдневно треба да исфрла токсини преку празнење на цревата, барем еднаш дневно. Доколку имате проблем со подуеноста и не можете да го испразните телото од отрови, тие се враќаат во крвотокот и тука „лудуваат“.

Совет: Ако имате проблем со столицата, обидете се да пиете повеќе вода, да вежбате и да земате некој квалитетен пробиотик или билен чај.

Лош здив

Лошиот здив може да биде показател дека имате проблем со отрови што не можете да ги исфрлите од организмот. Може да настанат поради бактерии во устата што ослободуваат миризби. Освен тоа, ова укажува на тоа дека вашиот црн дроб и цревата имаат проблем со исфрлањето токсини.

Совет: Јадете свежи зачински билки, како што се магдонос или коријандер. Тие се одлични за детоксикација на црниот дроб.

Ви пречат миризби

Чувствителноста на надворешни миризби може да е знак дека црниот дроб не функционира како што треба и не може да исфрли различни токсини. Ако чувствувате силни реакции на мириси, како што се парфеми или чад, тоа може да е јасен знак дека телото ви е полно со отрови. Кога патиштата за детоксикација се затворени, нашето сетило за мирис е изострено и тоа може да предизвика главоболки и мачнина.

Не можете да ослабите

Причините за качување килограми може да бидат многубројни, од „подивеаните“ хормони, лошата исхрана, па се’ до токсините. Токсините како што се диоксин, ПЦБ и многу пестициди се липофилни што значи дека во нашето тело се хранат со масните клетки. Кога телото е преоптоварено со нив, не може да ја исфрли таа тежина.

Совет: Најважно е телото на правилен начин да ги исфрла токсините. На тој начин ќе ја подобрите природната способност на телото да најде рамнотежа. Детоксикацијата може да ви помогне, но намалувањето на изложеноста на токсини е многу важно.

Одбирајте чиста, органска храна, секогаш кога можете, и погрижете се добро да се испотите, доволно да мокрите, да се хидрирате и квалитетно да дишете.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.