Што треба да јадете за здраво срце?

Овие намирници го одржуваат срцето во топ форма, а се толку достапни, вкусни и здрави.

1.Лубеница
Задоволете ја желбата за благо со свежо парче лубеница, нискокалорично овошје со висок процент на влакна и најдобар извор на антиоксиданси. Според докторката Сара Саман, лубеницата која е одличен извор на ликопен е поврзана со намалувањето на ризикот од срцеви заболувања, рак и дијабетес.

Доктор Андреа Пол истакнува дека чаша јогурт не само што го штити срцето, туку и непцата и системот за варење на храната.

2.Јогурт

Toj е богат со витамини, минерали, влакна, пробиотици и моќни антиоксиданси кои се добри за целокупното здравје.

3.Домати
Исто како и лубеницата, доматите се богати со витамин Ц и ликопен. Кери Гласмен, нутриционист од Њујорк, советува дека доматот треба да се конзумира свеж или приготвен во секојдневната исхрана бидејќи ги штити срцето и артериите.

4. Авокадо
Можеби авокадото не е вообичаено за нашето поднебје, но доколку го вклучите во исхраната нема да погрешите бидејќи е богато со незаситени масни киселини и потасиум, минерал кој го контролира високиот притисок.

5. Бобинки
Боровница, јагоди, малини, рибизли… изборот е ваш. Тие го одржуваат добриот холестерол, а го снижуваат лошиот вклучувајќи го и крвниот притисок. Богати со антиоксиданси кои го штитат срцето и избилство на хранливи материи, ова овошје е одличен избор.

6.Грав, грашок, леќа
Според доктор Кејт Кантор, околу 100 грама грав дневно ќе го одржи вашето срце во добра форма. Кејт истакнува дека тоа е така поради влакната кои се врзуваат за холестеролот и го спречуваат да се абсорбира во организмот. Исто така гравот и леќата содржат магнезиум, калциум, омега 3 масни киселини, витамини од Б групата, односно се што е потребно за здраво срце.

7.Јаткасто овошје
Само една рака ореви дневно ја подобрува работата на срцето. Благодарение на високиот процент на омега 3 и антиоксиданси јаткастото овошје ја подобрува циркулацијата, штити од срцев удар и се препорачува во борбата против дијабетесот.

8. Овес
Овесните снегулки се одличен начин да го започнете денот. Благодарение на хранливите материи и растителните влакна, ваквиот појадок ве држи сити подолго време и помага во одржувањето на здрава телесна тежина што е многу важен фактор за здраво срце. Истражувањата го поврзуваат овесот со намален ризик од кардиоваскуларни болести и срцев удар.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.