Попладневната дремка го подобрува помнењето!
Според резултатите на една нова студија еден час спиење попладне секој ден може да го подобри когнитивното функционирање на постарите лица и да ги направи попаметни.
Во студијата учестувале 3.000 повозрасни Кинези и се испитувале нивните навики во спиењето.
Оние кои дремнувале преку ден по еден час имале подобри когнитивни способности, памтење и концентрација во однос на оние кои не спиеле воопшто преку ден и оние кои спиеле повеќе од 90 минути.
Истражувачкиот тим со анализа дошол до заклучок дека оние кои го скокале попладневното спиење имале лоши когнитивни способности.
Истражувачите од Харвард откриле дека дремењето ги прави луѓето поспособни во пронаоѓање на решенија и го подобрува памтењето и креативното размислување. Исто така заклучиле дека дремењето им помага на луѓето да ги одвојат важните информации од небитните детали.