Што ќе ви се случи ако секој ден јадете лубеница?
Поубава кожа
Благодарејќи на високата количина на витамин А и C, кожата останува здрава, а ќе ве штити од штетните UV зраци.
Поубава коса
Нема само кожата да има корист од лубеницата! Косата ќе ви биде побујна, а опаѓањето ќе се намали.
Го подобрува здравјето на срцето
Лубеницата е полна со цитрулин, аминокиселини. Во телото се претвора во аргинин и ги опушта крвните садови. Со тоа се подобрува протокот на крв.
Го подобрува работењето на бубрезите
Лубеницата испорачува доста течности до бубрезите и бешиката – што е важно за изнесување на токсините и отпадните производи.
Го подобрува видот
Богати се со бета-каротен, што е добро за видот.
Го подобрува здравјето на коските
“Јаките коски се добиваат од млекото”, не учеа родителите. Меѓутоа, за коските е здрава и лубеницата. Како и доматот, и лубеницата содржи ликопен, кој го смалува развојот на остеопороза, а високата концентрација на калциум, ги чува коските и зглобовите.
Го намалува крвниот притисок
Зголемениот крвен притисок доведува до зголемен ризик од мозочен удар или срцев удар. Со конзумирањето на лубеница тоа може да се спречи. Тоа е поради цитрулин амино киселините, кои се наоѓаат во големи количини во лубеницата и кои ги опуштаат крвните садови и ја подобруваат циркулацијата.
Добра е за мускулите
Лубеницата го поттикнува рехабилитирањето на мускулите после тренинг.
Спречува рак на простата
Не само што ја зајакнува машката потенција, благодарејќи на лубеницата, можете да спречите и развивање на канцерогени заболувања на простатата.