Секој втор човек во Македонија ги чувствува промените на времето – Ова се симптомите!
Главоболка, нерасположеност, поспаност, малаксаност… овие симптоми деновиве ги има секој втор човек во Македонија. Наглите промени на времето влијаат и на здравите и на хронично болните. Ги чувствуваат и млади и стари. После облачноста, кога ќе заврне сите се чувствуваат подобро. Ваквите состојби според лекарите се должат на климатските промени. Најлошо поминуваат метеоропатите.
-Има луѓе кои се примарни метеоропати и директно влијае промена на времето на нив. Посебно во промена на расположението, главоболка, промена на крвниот притисок, кардиоваскуларни заболувања, тука спаѓаат и ревматските заболувања, изјави д-р Оливер Зафировски, директор на Детската болница Козле и експерт за климатски промени.