Само две шољи од овој чај ќе ве спасат од проблемите преку зима
Оваа чудесна билка сигурно ја имате дома!
Ловоровиот лист од дамнина е ценет како врвен зачин кој на јадењата им дава псоебна
арома, но и’ како природен лек кој делува противвоспалително и антисептички.
Листовите на древната билка која расте ширум Средоземјето се богати со разновидни
минерали (калиум, бакар, манган, калциум,железо, цинк, магнезиум, селен) па и со
витамините од групата Б кои се важни за метаболизмот, хормонската рамнотежа и за
нормална работа на нервите и мускулите.
Ловорот се користи во лекување на проблемите со варењето но и при кардиоваскуларни
пречки, гихт, реума како и кај несоница и нервоза.
Етеричното масло на ловорот е извонредно за инхалација а многу е корисно и за
дезинфекција во сезона на настинки и вирози.
Чајот и сирупот од ловоров лист се препорачуваат за јакнење на имунитетот, прочистување на дишните патишта и намалување на кашлањето, болки во грлото и бронхитис.
Чај од ловоров лист
3 свежи или суви ловорови листови искршете на постини парчиња па полијте ги со 250 мл вода и варете 10. минути.Тргнете од ринглата и оставете 10.минути покриено, па исцедете.
Кога ќе се излади додајте 1 лажица сок од лимон и 1 – 2 лажички мед. Пијте 2 – 3 шолји дневно.