Природен пилинг со сол за мазни нозе!

Освен што ја користиме солта за приготвување на јадења, таа може да послужи и во бројни рецепти од природната медицина.

Исто така солта можете да ја додадете во вашите омилени козметички производи и да го подобри квалитетот на вашата кожа и коса.

Ако имате мрсна коса, солта може да ви помогне- само додадете 2-3 лажици сол во вашиот омилен шампон, па вашата коса нема да ви биде мрсна како порано. Резултатот треба да го забележите само после неколку третмани.

Солта е исто така одлична за пилинг на телото. Прво, купете груба морска сол, а потоа измешајте две лажички од солта во половина чаша кокосово масло. Измешајте ги добро состојките, а потоа искористете ја смесата за чистење на вашето тело.

Солта е одличен пилинг за вашата стапала, па доколку ги третирате со сол измешана во маслиново масло, вие ќе добиете прексрасни и мазни нозе.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.