Предупредување до родителите: Играчката спинер е опасна по здравјето на вашите деца!
Спинер, играчката која минатата година се прослави, предизвика вистинска епидемија помеѓу децата ширум светот, но никој не е свесен дека може да претставува здравствен ризик, објавува Европската комисија во годишниот извештај за опасни производи.
Играчката со три краци, која наликува на пропелер, може да се врти на прстот, да се префрла од едната рака на другата или едноставно да се користи како занимација за нетрпеливите луѓе.
Љубителите на играчките кажуваат дека е многу заразна и дека помага во намалување на стресот. Меѓутоа, бидејќи спинерите имаат вградена батерија, Европската комисија смета дека претставуваат ризик за децата, бидејќи многу лесно можат да стигнат до батеријата и да ја проголтаат.
Минатата година, Европската комисија од пазарот повлекла 11 модели на спинери, поради тоа што не ги исполнувале европските безбедносни стандарди за играчки.
Комисијата секоја година објавува извештај за опасни производи на пазарот кои треба да се забранат, да се повлечат или да се предупреди за нивната употреба. На листата може да се најдат играчки, облека, козметика, автомобили и машини.
Најчесто се работи за играчки, бидејќи имаат ситни делови поради кои децата можат да се задушат или кои содржат опасни хемикалии.
Минатата година, најмногу такви производи, 53 % биле произведени во кина, а 26 % пристигнале од Европа.