Повеќе не е забранет производ: Ова чоколадо е богато со минерали
Се повеќе истражувања ги потврдуваат позитивните ефекти на црното чоколадо за здравјето и го отстрануваат од листата на „забранети“ намириници.
Во 100 грама црно чоколадо со 70 проценти какао има околу 570 калории, 9 грама протеин, 33 грама јаглехидрати, 42 грама масти и дури 12 грама влакна.
Чоколадото е богато со минерали како што се магнезиумот (200 милиграми во 100 грама чоколадо), железо (11 милиграми во 100 грама чоколадо), калиум (околу 700 милиграми во 100 граа чоколадо), фосфор и манган, а содржи и мала количина на витамин Б-комплекс.
Бидејќи е многу калорично, црното чоколадо треба да се конзумира во мали количини – најдобро 10 до 30 грама дневно.