Еве како да го зголемите апетитот

240
Поради ниската калорична вредност, вештачките засладувачи им се препорачуваат на лица кои се на диета, на луѓе со прекумерна тежина и на оние кои боледуваат од дијабетес.
Но, една неодамнешна студија на австралиските научници покажува дека вештачките засладувачи всушност го стимулираат апетитот и поттикнуваат на конзумирање на дополнителни 30 отсто калории преку храната.
Научниците од универзитетот во Сиднеј првпат го испитаа дејството на вештачките засладувачи врз мозокот на животните и луѓето.
Научниците дошле до заклучок дека вештачките засладувачи го менуваат начинот на кој мозокот го перцепира вкусот за слатко на нивото на центарот за наградување – нивото се интензивирало, правејќи нерамнотежа помеѓу нивото на „вистинскиот шеќер“ и нивото на глукозата, што го потикнува организмот на конзумирање уште повеќе шеќер.
Кога конзумираме „вистински шеќер‟ во мозокот се ослободува допамин, а во крвта расте нивото на глукозата. Во случајот со вештачките засладувачи, допаминот поттикнува чувство на пријатност, но со оглед на тоа дека засладувачите на содржат шеќер не расте нивото на глукозата во крвта, поради што организмот како надомест бара калории од храната, наведуваат научниците

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.