Пет грешки кои се прават до 10.00 часот наутро!
Секој има утрински ритуали , но повеќето од нив не е во ред. До 10:00, се прават пет грешки, пишува Huffington Post.
Нагло станување веднаш по будењето
Дали сте тип кој скока од кревет наутро “како од топ?” Тоа може да ги оптерети мускулите на грбот кои и така се вкочанети по цела ноќ спиење. Станувањето од кревет премногу брзо може да предизвика мускулни грчеви на долниот дел на грбот а исто така може да предизвика вртоглавица. Овој ефект, познат како ортостатска хипотензија, особено е по чест кај жените, констатираат епсперти. Препораката е пред станување од кревет да се свиткаат нозете кон градите. Прво едната, па другата а потоа и двете заедно. Тоа помага да се размрдаат мускулите и да “потера” крвта низ телото.
Подготовка за работа во затемнета просторија
Ако постои обичај за замрачување на просторијата за добар сон, наутро не треба да се остане на тоа и без кревање на завесите да се прави подготовката за работа.Тоа треба да се избегнува советуваат експертите. Според нив, сонцето и светлината треба да влезат во собата веднаш по будењето, затоа што тоа ќе го охрабри “внатрешниот часовник” и денот почнува со добро расположение.
Предоцна одење на пауза
Повеќето луѓе паузата ја користат за ручек. Но истражувањето спроведено на Универзитетот во Минесота, покажа дека работниците се попродуктивни кога ќего почнат денот во позитивна атмосфера. Потребна е кратка пауза наутро и одење пет минути на сонце.
Поставување на алармот на 06:47
Многумина ја обожуваат опцијата на телефонот кога алармот го поставуваат на 6:47 или 7:55, бидејќи знаат дека повторно ќе звони. Но лекарите советуваат дека таа е лоша опција за телото, бидејќи толку кратки интервали на спиење и повторно одеднаш будење може да го фрли телото надвор од рамнотежа. Лицата може да имаат проблеми со несоница ноќе и затоа советот е станување веднаш по звоненње на алармот без оние слатките – само уште 10 минути.
Физичката активност непосредно по будењето
Вежбањето е многу важно за телото и здравјето, но будење рано и одење директно на вежбање? Тоа не е толку добра идеја. Во рок од половина час по будењето потребен е појадок за поттикнување на метаболизмот, но ќе го прескокнете овој чекор, доколку се спремате за вежбање. Прескокнувањето на појадокот може да предизвика голем број на неповолни услови на здравјето, бидејќи појадокот е најважниот оброк во денот. Дури и ако сте тип кој не сака појадок, доволно е барем половина банана која може да с ејаде по патот до автомобилот.