За 12 години луѓето ќе се вљубуваат во компјутерите?
Флертување со компјутерите, па дури и вљубување во нив ќе биде можно за само 15 години, предвидуваат футуристите.
Светот опишан во филмот „Хр“ (Her) каде човекот развива врска со интелигентниот компјутерски оперативен систем ни е поблизок отколку што мислиме, истакнува инженерот, Реј Курцвајл од Гугл.
На конференцијата во Њујорк минатата недела тој изјави дека технологијата ќе биде способна за емоционална интеракција.
– Предвидувам дека компјутерите ќе бидат на ниво на луѓето, па до 2029 година ќе биде можно да стапите во врска со нив. Кога зборувам „на човечко ниво“ мислам за емоционалната интелегенција, можноста да се пошегуваат, да бидат духовити, романтични, мили, сексипилни…, рече 66-годишниот иноватор и футурист.
Курцвај смета дека филмот „Хр“ е со многу реалистичен опис за тоа што може да стане реалност.
Инаку тој претходно ја предупредуваше јавноста дека компјутерите до 2029 година ќе станат попаметни од луѓето.