Овој лек може да предизвика импотенција?!
Истражувачите на Универзитетот во Копенхаген откриле дека лекот против болки ибупрофен може да има негативно влијание на машките хормони, а ако го конзумирате подолго време (1200 милиграми дневно во текот на шест недели) може да доведе до еректилни дисфубнкции, губиток на мускули и депресија.
Научниците го тестирале овој лек против болки на 31 здрави и млади мажи на возраст од 18 и 35 години кои секојдневно земале 6 таблети во текот на шестте недели.
По две недели, учесниците на студиите развиле хипогонадизам, сексуална хормонска дисфункција која влијае на секс хормоните кои го регулираат производството на тестостерон.