Оваа храна ги смирува пролетните алергии!
Температурите конечно ни дозволуваат малку да се разголиме и да прошетаме под сонцето, но на ред се кивавиците и раздразнетите очи.
За среќа, има неколку вкусни намирници кои ќе ви помогнат во борбата со пролетни алергии.
Покрај апчињата и спрејовите, почесто консумирајте:
Боровинки
Содржат антиоксиданси кои ги блокираат кивавиците и ви го олеснуваат дишењето.
Јогурт, павлака
Како силен пробиотик, и јогуртот ги намалува симптомите на раздразнетост во грлото, очите и носот. Добрите бактерии кои ги содржи имаат потенцијал да ги држат токсините и лошите бактерии подалеку од вас.
Сос од домати
Без чувство на вина и грижа, додадете малку доматен сос во ручекот. Сосот од домати е извор на антиоксиданси и витамин А, кои се одлична превенција на алергиските реакции.