Оваа боја на коса е во тренд летото!
Најновиот тренд „океанска коса“ станува се попопуларен и ги освои жените. Фризерите ги користат сите бои на океанот, со цел да постигнат совршена комбинација од сини нијанси на косите од своите клиенти.
„Океанската коса“ изгледа импресивно. Стилистите и експертите за коса користат различни тонови на сина боја – кобалтни, тиркизни, а понекогаш и зелена поради постигнување длабочина и димензии кои потсетуваат на морските бранови. Со такви разновидни бои, процесот на фарбање воопшто не е едноставен. Фризерот Британи Холанд од Калифорнија тврди дека процесот на фарбање трае околу четири часа.
Според друга фризерка Касеи О’Хара од Роквил, најголемата предност на „океанската коса“ е што трае многу подолго од другите разнобојни нијанси. Таа советува дека жените со „океанска коса“ треба да избегнуваат да ја мијат косата со многу топла вода, бидејќи на тој начин паѓа бојата.