Откриена клетка која влијае на ширењето на ракот на дојка?

Откриле на кој начин ракот на дојка стасува во крвотокот и се шири на белите дробови

Научниците од Институтот за истражување на карцином во Лондон можеби дошле до откритие кое може да помогне во спречувањето на ширењето на ракот на дојка.

Британските научници можеби откриле на кој начин ракот на дојка стасува во крвотокот и се шири на белите дробови, црниот дроб и на останатите витални органи.

Ракот на дојка главно не е смртоносен, но често доведува до смртоносн метастази.

Истражувачите со, тестирањето на клетките и глувци, идентификувале кој е тоа клучен фактор кој влијае на ширењето на овој крацином.

Молекулот ендосиалин е тој кој помага во поместувањето на карциномот во крвните садови. Тој се произведува на површината на перицит, клетка која се обвиткува околу крвните садови.

– Веруваме дека ендосиалинот, односно неговата количина во организмот, е добар показател за тоа дали ракот на дојка ќе метастазира. Исто така, откритието укажува на тоа дека би било можно и да се блокира ширењето на карциномот со влијанието на новите лекови на овој молекул. Тоа е нешто што е планирано подлабоко да го истражиме – рекол професор Клер Исак, еден од предводниците на истражувањето на Институтот за истражување на карцином во Лондон.

Во иднина, на жените со високо ниво на ендосиалин ќе им се дава поинтензивна терапија, во обид спречување на болеста.

Во наредните студии истражувачите ќе испитуваат зошто некои жени создаваат повеќе ендосиалин од другите

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.