Од што се појавува кариес и треба ли поправка на млечни заби? Митови и вистини
Мит: Шеќерот е главниот непријател на нашите заби
Всушност, лошите бактерии се виновни за појавата на кариес. Остатоците од јаглехидратите ги предизвикуваат тие бактерии. Освен шеќерот, дури и некои овошја и печива се виновни за лошото здравје на забите.
Мит: Бремените жени не можат да посетуваат заболекар
Токму спротивно, ако постои некое воспаление во усната шуплина на бремена жена, мора во брзо време да се смири. Главниот страв на бремените жени е дека антибиотиците може да влијаат врз плодот. Сепак, стоматолозите знаат да си ја вршат својата работа без да му наштетат на вашето бебе.
Мит: Не мора да ги поправате расипаните млечни заби
Млечните заби имаат потенка обвивка и се полесно достапни за бактериите. Сепак, расипаниот млечен заб може да предизвика воспаление кај постојаните заби.
Мит: За добро да ги измиете забите потребна е четка за заби со јаки влакна
Најдобро е да користите четка со меки влакна. Стоматолозите советуваат дека тоа е најдобриот избор затоа што на тој начин не се оштетува непцето. Најважно е да го следите основното правило: мијте ги забите два пати на ден и менувајте ја четката за заби на секои 3-4 месеци.
Мит: Мора да користите исклучиво чачкалица по јадење
Со чачаклици многу полесно може да си ја повредите усната шуплина. Затоа, користете забен конец, кој може да влезе во тешко достапните места и да ги исчисти забите детално.
Мит: Забоболката е само показател за расипан заб
Да, најчесто е така, но може и да е показател за болни синуси. Не е секогаш проблемот во забите. Затоа ќе посетите стоматолог и тој точно ќе открие во што е проблемот.