Погледнете во кујна и дознајте зошто сте мрзеливи?

212

Научниците најдоа уште еден можен виновник за мрзливоста. Направена е првата студија која го поврзува видот на масло кое го конзумираме и телесната активност. Тајната на доброто здравје е правилната исхрана и вежбањето. Olive Oil Times пишува за најновото истражување и влогот на маслиновото масло во однос на други масла и тврди дека маслиновото масло ги прави луѓето склони кон вежбање.

Санџај Гош, професор на Универзитетот во Колумбија, вели дека конзумирањето на големи количини полузаситени масни киселини, за разлика од монозаситените масти во маслиновото масло, ги прави луѓето подебели и мрзливи.

Ефектите се особено изразени кај девојки и млади жени. Гош со оваа студија покажува дека исхраната на база на полизаситени масни киселини се поврзани со подолго време поминато пред телевизор и други слични активности. Таа врска не е потврдена кај конзумирањето монозаситени масти и маслото од авокадо.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.