На кои делови од телото прво се појавуваат знаците на стареење?
Иако ја прифаќаме убавината на стареењето, сепак нѐ боли кога треба да ги покажеме овие три делови од телото, бидејќи на нив најмногу се забележува оштетувањето предизвикано од сонцето кое го зема својот данок:
Рацете
Бидејќи нашите раце се изложени на сонце во текот на целата година (дури и во зимски услови или во постудени клими), тие се едни од првите делови на телото кои се „погодени“ од брчките.
Предлог решение: Не го запоставувајте задниот дел од рацете при сончање. Нанесувајте креми за анти-стареење или хидратантни креми. Кожата на вашите раце е потенка во споредба со кожата на поголемиот дел од телото, така што одржувањето на влажноста е клуч за поседување младешка кожа.
Лицето
Дури и луѓе на возраст од 25 години можат да почувствуваат збрчкани линии низ челото или околу очите. За жал, сонцето може да предизвика дополнителни проблеми, така што како старееме, така овие брчки добиваат на интензитет.
Предлог решение: Нанесувајте крами за сончање и креми за анти-стареење секојдневно. Задолжително е редовно миењето на лицето. Се препорачува користење на осветлувачки серум, ако имате темни дамки.
Пределот кај вратот и градите
Вратот и градите се на само неколку сантиметри од лицето, но сепак доста често грижата за нив се заборава. Оваа тенка кожа е многу чувствителна на УВ зраците и на неа лесно може да развијат пеги и брчки.
Предлог решение: Сочувајте го здравјето со примена на креми, маски, третмани; Речиси сè што нанесувате на вашето лице е безбедно да се користи истовремено и на вратот и градите.