Зошто не е добро да објавувате фотографии од плажа?

Новото истражување спроведено од страна на една британска компанија на над 2.000 лица покажува дека дури 73 проценти од луѓето се нервират кога на социјалните мрежи ќе видат фотографии од други луѓе од летување.

За најиритантни фотографии ги сметаат оние со „ход дог“ нозе, пишува CBSlocal.

-Одморот за многумина е време кога се „исклучувате“, но очигледно тоа не важи и за исклучувањето од социјалните мрежи,вели Адам Бекет, водич на истражувањето.

-Споделуваме моменти од одморот веднаш откако ќе ги доживееме и тоа со луѓе кои дури и не ги познаваме добро, вели тој.

Истражувањето укажува и на лицемерие кај луѓето, бидејќи 77 проценти од испитаниците изјавуваат дека и самите објавуваат фотографии од одмор. Речиси 50% од нив изјавиле дека тоа го прават за нивните пријатели и роднини да бидат во тек, додека 21 процент признале дека тоа го прават само за да се пофалат.

Освен што може да изнервира, објавувањето на фотографии е и опасно. Нивното објавување во реално време ве прави потенцијална мета за крадците бидејќи откривате дека не сте дома.

-Најдобро време за објавување на фотографиите е кога ќе се вратите дома. Ако не можете да дочекате, тогаш барем ограничете го кругот на пријатели кои можат да ги видат фотографиите, вели Бекет.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.