На Детска клиника почина уште едно бебе поради компликации од морбили
Трет смртен случај од морбили. Ноќеска на Клиниката за детски болести починало 13-месечно бебе од тетовско. Според педијатрите состојбата е алармантна и на клиниката има уште две бебиња кои се во многу тешка состојба. Во петокот на истата клиника почина бебе од Свети Николе кое малите сипаници ги добило од таткото. Истиот ден на Инфективна почина и шестмесечно бебе поради компликации од морбили, кое претходно било лекувано од воспаление на белите дробови.
За три дена има три смртни случаи од морбили и над 200 заразени. На Инфективна на лекување се околу 30 пациенти поради компликации од заразата.