Му забраниле да донира сперма затоа што веќе има премногу деца!

Жените во Њујорк со години постојано ја барале неговата сперма, па Ари Нагел веќе има 33 деца. Но, познатиот донор сега има проблеми во Израел – ниту една клиника повеќе не смее да има работа со него.

Израел се обидува да забрани донирање на сперма на професорот по математика и сериски донор кој веќе има премногу деца.

Ари Нагел (42) кому медиумите ми го дале прекарот „Сперминатор“ во изминатите десет години станал татко на 33 деца ширум американската држава Њујорк, а уште некои десетина деца се веќе на пат.

Нагел својата сперма ја донирал на десетици жени, понекогаш едноставно ејакулирал во чаша во јавните тоалети на Старбакс, пишува Њујорк тајмс.

Во статијата објавена уште пред две години, Њујорк пост пишувал дека жените се опседнати по него – Нагел има добар карактер, згоден е и подготвен да ја донира спермата бесплатно.

Меѓу жените кои од разни причини не можат да зачнат по природен пат имало и разведени и сами дами, лезбејки или парови кои од здравствени причини не можат да станат родители. Ари Нагел претставувал примамлива алтернатива за скапите банки за сперма.

Властите во Израел одлучиле на тоа да стават крај

Кон крајот на минатата година, 43-годишна жена отпатувала со него во Израел, со намера да замрзне и прими негова семена течност во приватна клиника. Но, пред воопшто да ја напушти клиниката, лекарот го издвоил неговиот примерок и му рекол дека не смеат да ја всадат неговата сперма.

Од Министерството за здравство во Израел на жената која се обидувала да зачне и испратиле писмо во кое велат дека во Израел не може да се користи неговата сперма и дека клиниките за тоа се известени. Имено, законот таму пропишува дека сите донори мора да бидат анонимни, односно дека донорот не смее да го знае идентитот на другата страна и обратно, примателот не смее да го знае идентитетот на донорот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.