Мажите и жените изневеруваат поради различни причини!
Ако се знае зошто изневеруваат мажите и жените, некои врски може да бидат спасени. Според истражувањето на британскиот портал за наоѓање партнери EliteSingles, повеќето мажи не знаат зошто го прават тоа. Истиот одговор бил даден од страна на една третина од жените кои учествуваа во истражувањето во кое биле вклучени 667 мажи и жени.
Оние кои знаат зошто го прават тоа, обично одговориле дека сакаат да пробаат секс со некој друг (28%), 25% од нив сакале да пробаат секс со некој друг а околу 12% бидејќи се заљубиле во друго лице. Кај жените 35% бидејќи им станало досадно во врските, 27% од нив бидејќи се заљубиле во друг а 16% бидејќи сакале секс со друг маж. Мал број и мажи и жени би се впуштиле во неверство за одмазда на партнерот. Истражувањето открило дека мажите најмногу мамат поради физичка привлечност а жените од емоционални причини. Но не се само проблемите во врската причина за неверство. Повод се и биолошките како нивото на хормони или културолошки поради честите сексуални содржини на ТВ и интернет.