Матичните во земјата ќе стануваат бајачи – Нема лекови на рецепт и нема како да ги лекуваат болните!

Наместо да ги лекуваат болните, матичните лекари прво телефонски се јавуваат по аптеките за да прашаат кои лекови ги имаат на рецепт. Дури потоа им пропишуваат терапија на пациентите. Според матичните. овој период состојбата е алармантна бидејќи поголем дел од граѓаните немаат пари за приватно да ги купат лековите па по два три пати доаѓаат во лекарските ординации по друга терапија.  Претседателката на Здружението на приватни лекари огорчена од ваквата ситуација кога на средина од месецот нема ниту антибиотици ниту спрејови на рецепт, со  коментар дека ќе треба да ја променат професијата.

…На средина на месецот нема антибиотици, а некои спрејови ги нема уште од почеток на месец. Денеска десетина пациенти ми се вратија па мораше да поништам рецепт да принтам нов, да се јавуваме во аптеки локални, кои слекови слични ги имаат за патологијата на болниот, и затоа се пошегував дека нема лекови, нема спрејови и затоа ќе трерба да се вратиме назад во времето и да станеме бајачи, вели др. Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПРЛМ

Оние кои имаат пари лековите ги купуваат на приватно. Но голем број поминуваат и по десетина аптеки со надеж дека ќе ја најдат неопходната терапија на рецет. За жал,  сегде го добиваат истиот одговор – Квотите се потрошени.

– Нема, до 10 до 15ти во месецот ќе се најде, после нема. Ама на приватно има..Проблем е како не е, ние сме стари и со хронични заболувања и мора редовно да пиеме лекови, велат граѓани.

Иако оваа ситуација е присутна со месеци, кога лекови на рецепт има само 15 дена, надлежните проблемот го гледаат во пациенти кои правеле домашни залихи и тактизирање на фармацевтите. Утре директорот на Фондот ќе објави дали ќе има зголемување на квотите што ги добиваат аптеките.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.