Мандарините се извор на витамини!
Мандарините може да ви дадат дури 80 проценти од потребниот дневен внес на витамин Ц. Овие портокалови плодови претставуваат богат извор на портокаловиот каротеноид бета-криптоксантин, кој може значајно да го намали ризикот од појава на рак на белите дробови.
Студијата објавена во „Cancer Epidemiology, Biomarkers and Prevention“, ја поврзала храната богата со криптоксантинот со намален ризик од појава на рак на белите дробови за 37 проценти кај пушачите.
Истражувањата, пак, кои биле спроведени во Јапонија, покажале дека сокот од мандарини штити од заболување од хепатит Ц, како и од рак на црниот дроб.
Мандарините содржат и растителни влакна, кои покрај тоа што придонесуваат за намалување на холестеролот, корисни се и за ублажување на констипацијата.
Ова овошје има релативно низок гликемиски индекс, што значи дека природно присутниот шеќер бавно се испушта во крвта, заради што им се препорачува како меѓуоброк и на заболените од дијабетес.
Ароматичното есенцијално масло од мандарини, пак, делува како ефикасен природен антисептик.