МАЛМЕД тврди дека инсулинот во Македонија е безбеден!
Агенцијата за лекови МАЛМЕД попладнево во информација до медиумите тврди дека сите лекови кои се увезуваат во Македонија , вклучително и инсулинот се контролирани согласно законот за лекови и медицински средства. Ова следи отакако Асоцијацијата за детски дијабет Баланс МК изрази сомневање за квалитетот на инсулинот кој се користи во Македонија.
Од МАЛМЕД додаваат дека минатата недела биле извршени инспекции на новопристигнатите пратки инсулин. Била извршена контрола на транспортот, чувањето и дистрибуција на истите. Биле пратени и примероци за анализа во акредитирана ллабораторија и по добивањето на резултатите, испитаниот инсулин бил пуштен во промет. Од МАЛМЕД информираат дека ова го направиле во најкус можен рок и ги демантираат информациите дека заради инспекцискиот надзор е задоцнета дистрибуцијата на инсулин во инсулинските аптеки низ Македонија.