МАЛМЕД тврди дека инсулинот во Македонија е безбеден!

133

Агенцијата за лекови МАЛМЕД попладнево во информација до медиумите тврди дека сите лекови кои се увезуваат во Македонија , вклучително и инсулинот се контролирани согласно законот за лекови и медицински средства. Ова следи отакако Асоцијацијата за детски дијабет Баланс МК изрази сомневање за квалитетот на инсулинот кој се користи во Македонија.

Од МАЛМЕД додаваат дека минатата недела биле извршени инспекции на новопристигнатите пратки инсулин. Била извршена контрола на транспортот, чувањето и дистрибуција на истите. Биле пратени и примероци за анализа во акредитирана ллабораторија и по добивањето на резултатите, испитаниот инсулин  бил пуштен во промет. Од МАЛМЕД информираат дека ова го направиле во најкус можен рок и ги демантираат информациите дека заради инспекцискиот надзор е задоцнета дистрибуцијата на инсулин во инсулинските аптеки низ Македонија.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.