Истражувањата покажале дека во случај кога постои голема разлика измеѓу резултатите од мерењето на крвниот притисок на двете раце, наизглед здравите луѓе имаат 38% поголема опасност од срцев и мозочен удар, како и други смртоносни кардиоваскуларни болести.
Благодарение на нешто така просто и брзо како што е дополнителното мерење на крвниот притисок, луѓето сега можат на време да ги воочат сите знаци за предупредување.
Малите разлики во крвниот притисок помеѓу рацете се вообичаени, а за време на истражувањето на систоличкиот притисок, поголемата од двете цифри, се разликувало во просек за околу пет поени.
Меѓутоа, кај 10% од пациентите постоела разлика од 10 или повеќе поени измеѓу резултатите добиени со мерење на крвниот притисок на десната и левата рака.