Кората од билката Мачја канџа спречува рак на дојка, леукемија и рак на бели дробови
Во природата постојат преку пет милиони лековити супстанции и секоја година се откриваат нови природни лекови. Потрагата по ефикасни лекови се почесто се насочува кон шумите.
Терапевтскиот ефект на лековитата билка Мачја канџа (Uncaria tomentosa) за лекување на рак на дојка, леукемија и рак на бели дробови – е добро познат во Јужна Америка, а бразилските научници имаат спроведено исцрпни истражувања.
Мачјата канџа се користела за лекување на ревматоиден артритис и рак уште во 1920 – година. Во текот на речиси 100 години истражувачите го документирале лековитото дејство на оваа билка, особено врз ракот.
Германскиот природонаучник Артуро Брел бил во потрага по лек за својот ревматоиден артритис и случајно наишол на Мачја канџа. Своето позитивно искуство со оваа билка ја документирал и ја препорачал како многу ефикасен лек.
Се користи кората на оваа билка, од која има два вида: Uncaria tomentosa и Uncaria guianensis. Кората има силно антивоспалително дејство.
Излекуваниот, д-р Брел одлучил да извлече екстракт за да му помогне на својот пријател кој имал карцином на бели дробови, во стадиум V. Тој во текот на една година пиел чај од Мачја канџа трипати дневно. До крајот на годината ракот целосно се повлекол.
Мачја канџа спречува воспалителни болести
Истражувачите го поврзале воспалението со почетокот на полиферација на ракот на ниво на ДНК. Оваа причина во модерните протоколи на лекувањето главно се занемарува.
Научниците долго време знаеле дека екстрактот од Мачја канџа иницира смрт на канцерогените клетки, а денес точно ги прецизираат противвоспалителните механизми со кои тој делува.