Зошто е важно да внесуваме доволно селен во организмот?

Иако ни треба многу малку селен дневно (55 mcg (микрограми) ), овој минерал е исклучително важен за нашето тело бидејќи учествува во низа метаболички процеси и функции на тироидната жлезда.

Тој е познат антиоксиданс и во комбинација со витамин Ц и Е, витамин Б3 и глутатион ги штити нашите клетки од оштетување од страна на слободните радикали и ги засилува функциите на имунолошкиот систем.

Селенот исто така ни помага да се справиме со стресот, а доволното внесување на овој минерал е неопходно за добро расположение.

Некои студии покажаа дека повисоки нивоа на селен во крвта можат да бидат поврзани со намален ризик од карцином на дојка, белите дробови, дебелото црево и простатата, како и за срцеви заболувања.

Кога станува збор за функцијата на тироидната жлезда, студија за набљудување во која учествувале 6000 субјекти откри дека, пониските нивоа на селен во крвта може да бидат поврзани со зголемен ризик од Тироидит на Хашимото (автоимун тироидит) и хипотиреоидизам.

Сигурен начин за да имате селен е да го внесете преку оваа храна:

Бразилски ореви – најдобар извор на селен со 514 mcg (микрограми) од 30 грами ореви (6-7 ореви).

Риба – има 95 mcg во порција туна. Одличен извор на селен се сардините и со 45 mcg во порција.

Свинско, говедско и пилешко – месото исто така е богато со селен. Бифтекот има 42 mcg, говедското месо има 33 mcg, мисирката има 31 mcg и пилешкото во порција има 22 mcg.

Домашно сирење – има 20 mcg селен и 130 мг калциум на 100 грама.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.