Концерт во живо е спас од стресот
Британско истражување покажало дека слушањето на концерт во живо може значително да го намали стресот.
Во истражувањето учствуваа 117 возрасни испитаници кои присуствувале на концертот на американскиот композитор Ерик Витакер.
Се покажало дека по само едночасовно слушање музика во живо дошло до намалување на нивото на глукокортикоид, и значително намалување на нивото на кортизол и кортизон, како и на односот меѓу нив, што значи дека навистина дошло до намалување на биолошкиот стрес.
Исто така, се забележани и промени во нивото на прогестерон, хормон кој исто така учествува во реакција на стрес.