Има спас за неподносливите болки во колената

Ефикасноста на маслото од ѓумбир и од риба ја потврдуваат пациентите кои страдаат од болки во колената, без оглед на животната возраст или причината за болка во овој голем зглоб, тврди австрискиот лекар Хадемар Банкхофер. Болките, всушност, не мора секогаш да бидат последица на истрошеност на зглобот, која е карактеристична за постарата популација. Понекогаш претставуваат последица на погрешно оптоварување на телото, но и на наследност.

Доктор Банкхофер тврди и дека втријувањето на масло од камилица, кантарион, маслинки и азијска „тигрова маст“ може да биде делотворно. Прашање е единствено на кого што му одговара, поради што најпрво би требало да се испробаат примероци од наведените мелеми и потоа да се одбере оној вистинскиот.

За лицата кои страдаат од болки во колената консумирањето на масло од ѓумбир и риба може да биде вистинскиот начин да се ослободат од оваа непријатна состојба.

Коренот на ѓумбирот исто така помага во отстранување на болките. Лекот се приготвува така што од свежиот корен на ѓумбир се отсекува едно парче, се ренда и со тоа се мачка зглобот на коленото. Поради целосен ефект, истовремено треба да се пие и чај од оваа зачинска билка.

 

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.