Која нација е најиздржлива во сексот?
Кога станува збор за издржливост во сексот победата ја носат Бразилците, бидејќи една третина од нив уживаат во сексот кој во просек трае повеќе од 45 минути. Французите се победници во категоријата неверство – 75% признале дека ги изневериле партнерите. Белгијците и Австралијанците најмалку ги изневерувале партнерите, покажува истражувањето на производителот на секс играчки LELO.
Истражувањето ја опфатило и категоријата колку глумат за време на сексот. Најголем дел од испитаниците признале дека имале барем еднаш глумење задоволство во кревет. На прво место се Колумбијците со високи 70 проценти, а по нив се Бразилците и Чилеанците. Португалците иГрците најмалку глумат задоволство.
Во исто време, Бразилците со Италијанците и Грците за себе велат дека се вистинити уметници во сексот. Како професионалци се сметаат само 6% од Холанѓаните. .
Добрата вест е дека 79% од светската популација е задоволна со својот сексуален живот, а Британците и Грците во оваа категорија се на врвот.