Уште четворица затруени од „Седмица“ побарале лекарска помош на Инфективна!

Уште четири лица со симптоми на труење од сендвичарницата „Седмица“ во Лептокарија денеска побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести. Од нив тројца биле со полесни знаци на труење и се пуштени дома, но едно лице било задржано на лекување на Инфективна, информираат од министерствотот за здравство.

Вкупната бројка на затруени од сендвичарницата се искачи на 16 лица, од кои десетмина се хоспитализирани. Деветмината пациенти кои вчера попладне биле хоспитализани во болницата ќе останат таму целиот викенд. Тие се во стабилна состојба, но се уште се под опсервација на лекарите. Се уште траат и анализите на земените примероци од сендвичарницата „Седмица“ во Карпош каде што вчера претпладне јаделе сите затруени.

Подобра здравствена состојба имале пациентите кои се обратиле во Градската болница „8 Септември“ и по укажаната помош пуштени се на домашно лекување.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.