Кој хороскопски знак најмногу дава љубов, но и многу бара за возврат?
Од сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежнеат кон сигурна врска полна со љубов во која нема место за прељуба. Ракот никогаш не е во потполност среќен додека не оствари длабока емотивна врска, а кога ќе се заљуби секогаш размислува долгорочно.
Во потрага е за личност со која ќе гради дом и ќе има семејство. Ракот многу дава но исто така и многу бара. Сака внимание, сака да му се докажува љубовта, но секогаш враќа со иста мера.
Кога ќе наиде на проблеми во врската, не ги избегнува, ги решава затоа што не сака ништо да му застане на патот на љубовта. Не ни помислува на неверство како метод на решавање на проблемите затоа што е лојален до крај. Токму поради тоа и често страда.
Раковите кријат сложена емоционална структура и длабоки внатрешни доживувања. Тоа се луѓе кои се изградени од силни чувства и кои длабоко ги преживуваат сите работи кои што се случуваат околу нив.
Молчаливи, претпазливи и таинствени. Повеќето од нив не се загрижени за себе колку за семејството, особено за децата. Тие имаат посебно чувство за грижа кога се децата во прашање, а исто така и за зачувување на традицијата. Кога станува збор за оние кои ги сакаат, без никаков страв ќе застанат во нивна одбрана.