Кој е лекот за болестите на модерното време?

Постојат околу 45 видови на папаја. Плодот има зеленкаста или жолта кора, додека бојата на пулпата варира од портокалово, розе па сѐ до црвено. Месото на папајата е меко, сочно и благо. Во средината има семчиња кои во Централна Америка се користат како зачин сличен на бибер.

Зрелиот плод може да се користи во свежа состојба или да се суши и таков да се користи како здрав десерт, за појадок со мусли или како додаток во колачи. Папајата содржи ензим папаин кој го поттикнува варењето на протеините и делува антибактериски. Папајата е богат извор на витамин А, фолна киселина, витамин Ц, калциум и диетални влакна кои ја подобруваат дигестијата.

Изолеуцин – важен е за растот и за интелектуалниот развој на човекот. Важна улога има во синтезата на некои неесенцијални аминокиселини.

Леуцин – ги поттикнува мозочните функции, го зголемува ослободувањето на енергија од мускулното ткиво.

Лизин – овозможува создавање антитела во крвта, го забрзува растот на клетките и го подобрува крвотокот.

Метионин – овозможува подобро разложување на мастите, ја поттикнува работата на црниот дроб и го смирува нервниот систем,

Валин – помага при координација на мускулниот состав и е важен за одржување на концентрацијата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.