Најголеми проблеми со зачнувањето доживуваат жените со нулта крвна група, а најлесно забременуваат жените со крвна група А.
Утврдено е дека жените со нулта крвна група лачат два пати помалку јајце клетки во животот, што објаснува зошто е тешко со зачнувањето.
Кај нив нивото на FSH (фоликулостимулирачки хормони), поврзани со плодноста, се многу повисоки отколку кај жените со други крвни групи, што го објаснува помалата резерва на јајце клетки.
Докажано е дека со возраста резервите на јајце клетките кај жените со крвна група 0 се намалува многу побрзо, со што и забременувањето станува потешко. Но, она што сте нулта крвна група, во никој случај не значи дека не може да имате деца.
Само треба да бидете трпеливи и упорни, бидејќи зачнувањето може да потрае време. А, колку млади почнете, толку успехот со забременувањето ќе ви биде посигурен и побрз.