Што ќе се случи ако не се истуширате два дена?

Освен што се чувствувате малку одвратно...

Признајте дека и вам ви се случило ова! Сте си дошле дома доцна, исцрпени и сте се запрашале: „Дали навистина морам да се истуширам?“. Сте си ветиле дека ќе се истуширате наутро, иако многу добро сте знаеле дека нема да имате време. Одеднаш, поминале 2 дена откако последен пат сте се туширале и сѐ е во ред, само што се чувствувате малку одвратно и се прашувате колку често би требало да се тушираат луѓето.

За среќа, експертите тврдат дека нема да си го загрозите здравјето доколку го прескокнете утринскиот туш. Секако дека ако се потите, можно е да мирисате непријатно, но секојдневното туширање не е неопходно. Иако нема да се изложите на сериозни ризици по здравјето ако не се истуширате 2 дена по ред, постојат некои работи за кои треба да бидете свесни. Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако не се истуширате 2 дена…

 

Нема да можете да ги отстраните лошите бактерии

Нашето тело има добри и лоши бактерии. Добрите бактерии се одржуваат благодарение на сапунот и туширањето. Ако ја зајакнете функцијата на добрите бактерии, тие ќе можат да ги отстранат лошите бактерии од вашето тело.

 

Може да настинете

Ако лошите бактерии останат на вашето тело, може да ви влезат во носот, устата и очите и да настинете. Туширањето ги чисти сите микроорганизми со коишто сте се соочиле во текот на денот, вклучувајќи ги и оние кои можат да ве разболат. Меѓутоа, ако не сте се туширале неколку дена, постојаното миење на рацете може да ги спречи болестите.

Може да ви излезат мозолчиња

Ако не се туширате редовно, кожата може да ви стане масна, а тоа ќе доведе до појава на акни и митесери.

Може да ослободувате повеќе од 30 непријатни миризби

Малкумина знаат дека потта не ја предизвикува телесната миризба, туку гасовите што ги испуштаат бактериите кога ги консумираат протеините и масните киселини на телото. Ако не се истуширате неколку дена, вашето тело ќе почне да ослободува 30 лоши миризби. Туширајте се доволно често за да не мирисате лошо. Според едно истражување од 2015 година, луѓето најчесто раскинуваат поради непријатниот мирис на партнерот.

Кожата може да ви се исуши

Ако имате проблеми со кожата, како на пример егзема, редовното туширање може да ги држи под контрола. Доколку не се истуширате неколку дена, може да дојде до влошување на проблемите. Докторите препорачуваат да се туширате или бањате еднаш дневно за да ја одржите влажноста на кожата. Но, не се туширајте премногу долго и не користете врела вода. По туширањето, не заборавајте да нанесете лосион на кожата.

Косата може да ви стане масна

Некои луѓе имаат коса што многу брзо се мрси. Во тој случај, препорачливо е почесто да се туширате за да изгледате чисто и убаво.

Може да ви се појават кафеави точки на кожата

 

Доколку не ја измиете потта од вашето тело и се насоберат многу нечистотии, може да имате проблем со нарушување познато како dermatitis neglecta. Ова се случува само ако постојано не ја миете кожата како што треба, така што нема потреба многу да се грижите, но добро е да се знае.

На крајот на краиштата, личната хигиена е многу важен дел од грижата за телото. Но, не се вознемирувајте доколку не сте се истуширале 2 дена. На сите им се случува!

Коментари

коментари