Кои здравствени проблеми се предизвикуваат од прекумерно користење сол?
Солта го менува вкусот на храната, но влијае на телото на начин на кој не може ни да замислите. Солта е извор на јод, а недостатокот од јод доведува до појава на гушавост. Но, ако се користи премногу, може да предизвика здравствени проблеми.
Висок крвен притисок
Солта влијае на крвниот притисок. Што повеќе сол внесувате во организмот има повеќе натриум, а високото ниво на натриум го зголемува крвниот притисок. Недостаток на сол има спротивен ефект, така што се препорачува да се внимава со внесувањето на сол, бидејќи на тој начин се контролира нивото на натриум во организмот.
Болести на срцето
Натриумот е многу важен за организмот, но неговиот вишок прави голема штета што може да доведе до кардиоваскуларни болести, болести на срцето, срцеви инсуфициенции и мозочен удар.
Когнитивни способности
Со зголемување на крвиот притисок се јавуваат мозочни проблеми. Луѓето кои јадат многу сол и слабо се движат ризикуваат слабеење на когнитивните способности. Стручните лица советуваат намалување на внесувањето на сол, како и секојдневно вежбање 30 минути, за човекот да биде ментално и физички здрав.
Бубрези
Тие имаат важна улога во филтирирање на отпадните производи од крвта, а нивнто затнување може да доведе до дисбаланс на течноста во крвта, абнормални состојби.
Потреба за сол
Оние кои конзумираат многу сол, неретко чувстуваат потреба за се повеќе сол. Ним им се советува солта да ја заменат со други зачини, како што е пиперка.
Мозочен удар
Големата употреба на сол доведува до повисок крвен притисок, што може да резултира со мозочен удар.
Кожа
Претераното внесување на сол во организмот предизвикува едем, односно отекување на рраце, нозе, глуждови. Тоа се екстремни случаи, но често се јавуваат и промени на кожата.