Кои витамини да ги пијат жените по 30-тите?

Жените во 30-тите години од животот често се фокусирани на превенцијата од стареењето, одржувањето на доброто здравје во текот на бременоста, како и за зголемување на енергијата. Одредени витамини и минерали ни помагаат за постигнување на тие цели па добро е да се интензивира нивниот внес во организмот.

1. Витамини А иЦ
Постојат некои витамини кои го забавуваат процесот на стареење, но и го штитат телото од слободните радикали кои придонесуваат за развојот на многубројни болести на модерниот живот.
Токму затоа секој ден би требало да внесуваме барем 15 мг витамин Е кој го јакне имунитетот, но има и ефект против стареење. Корисно е покрај тоа да земаат барем 75 мг витамин Ц кој помага во апсорпцијата на витаминот Е и го намалува ризикот од срцевите болести.

2. Витамин Б9
Жените кои планираат бременост би требало да го интензивираат внесот на фолна киселина, односно на витаминот Б9 во организмот. Сите жени по 19-тата година би требало дневно да внесуваат барем 400 мг фолна киселина, а бремените жени би требало барем 600 микрограма.

3. Витамин Д и калциум
Дамите во 30-тите години од животот треба да почнат да размислуваат и за превенцијата на болеста како остеопорозата која ги слабее коските. Токму затоа е важно да се почне да се земаат адекватни количини на калциум.
Стручњаците им препорачуваат на жените под 50-тата година од животот да внесуваат 1.000 милиграми калциум секој ден, додека трудниците и доилките би требало да земаат од 1.200-1.500 милиграма од овој важен минерал.
Суплементите на калциум многу често доаѓаат во комбинација со витаминот Д кој ја засилува неговата апсорпција.

4. Железо
Железото е многу важен минерал за женското здравје, а особено за дамите по 30-тата година кои имаат пообилни менструации или се бремени. Недостатокот на железо во телото предизвикува замор, ја зголемува шансата од добивање инфекции и го спречува телото да ја одржува нормалната телесна температура.

Жените би требало да внесуваат минимално 18 милиграма железо дневно, а жените кои се бремени околу 27 милиграма. Треба да се напомене дека витамините А и Ц ја олеснуваат апсорпцијата на железото во организмот па добро е да се комбинираат со овој важен минерал.

5. Магнезиум
Неконтролирано ви се грчат мускулите? Често сте изморени? Можеби на вашето тело му недостасува магнезиум. Овој важен минерал ги регулира контракциите на мускулите, ги регулира правилните отчукувања на срцето и работењето на тироидната жлезда. Секој ден би требало да внесувате 350 милиграма магнезиум, а трудниците 100 милиграма повеќе. До недостаток на магнезиум во телото доаѓа кај лицата кои претерано пијат алкохол, кафе и претерано внесуваат шеќер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.