Кои креми за сончање најмногу штитат од штетните УВ зраци?

Половина час пред излегување на сонце лицето и телото да се намачкаат со заштитен фактор за да се заштити кожата, советуваат дерматолозите. Постапката да се повторува неколку пати во текот на денот додека се престојува на плажа за да не изгорите, без разлика што на сите креми пишува дека се водоотпорни.
-Да се користат креми со физички или хемиски филтри. Хемиските ги одбиваат УВ зраците, а физичките ги трансформираат. За светол тип на кожа, еве и јас под 50-ка УВ заштита не се симнувам, за потемен тип на кожа 30 или 20 УВ заштита не препорачувам исто така не препорачувам масло за сончање и други средства под 10 фактор, изјави д-р Наташа Јаковлевиќ, дерматолог на Клиниката за кожни и венерични болести.
Посебна подготовка на кожата пред да одат на летување треба да направат лицата кои се алергични на сонце.
-За лицата кои имаат алергија на сончевите зраци обично даваме терапија 10-15 дена претходно, тие примаат лекови против алергија, додаде д-р Јаковлевиќ.
Но, и покрај заштитните креми со висока заштита, дерматолозите не препорачуваат директна изложеност на сонце особено што летото штетното ултра виолетовото зрачење ќе биде со многу висока вредност 9 и 10. Овие зраци продираат и низ чадорите и низ водата. Кога одите на плажа никако не користете парфеми и дезодоранси, бидејќи можат да предизвикаат сериозни проблеми на кожата, предупредуваат лекарите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.