Кога да побарате стручна помош за развојот на вашето дете?
Новите истражувања во врска со раниот развој на децата откриваат дека невроните во мозокот на децата се формираат со неверојатна брзина, од 700 до 1000 синапси во секунда во првите денови од животот на бебињата.
Во подоцнежниот развој темпото никогаш повеќе не се повторува и затоа, од исклучителна важност е на децата да им се пружа вистинска нега за време на првите илјада денови во животот.
„Доколку се пропушти можноста за рано делување, подоцна ќе ни треба многу повеќе време и напор да ги отстраниме недостатоците. Тоа треба да биде поттик на детето на најрана возраст да му пружиме се што можеме, љубов, сила, заштита и правилна исхрана“, велат од УНИЦЕФ.
Од таму советуваат да побарајте помош доколку вашето дете на полна една година не почне да изговара ма ма, та та, не ползи, не може да стои без поддршка, не ги бара предметите кои ги сокривате, не покажува на работите и појавите кои кај децата предизвикуваат заинтересираност или пак ги губат вештините кои ги имале.
„Доколку на две години детето не комбинира два збора, не го копира однесувањето, ви се чини дека не слуша, не ја знае целта на употребата на секојдневните предмети, не ги следи едноставните барања или ги губи вештините кои ги имало – знак е дека треба да се обратите на стручњаци,“ додаваат од таму.
Аларм за родителите треба да биде и доколку на полни три години, детето не прави контакт со очите со вас, не кажува реченици, не разбира едноставни барања, не го интересираат други деца, не умее да си игра со едноставни играчки или ги губи вештините кои ги имало.
mama365.mk