Мажите порано умираат од жените поради последици од депресија!

181

Депресивните луѓе живеат пократко, открија канадски научници, а нивните британски колеги укажуваат дека на мажите кои се борат со депресија, им се скратува животот за седум до 11 години.

За време на период од 60 години, во три наврати, научниците ја следеле поврзаноста меѓу менталното здравје и смртноста кај 3.410 возрасни лица – од 1952-1967, од 1968-1990 и од 1991-2011 година.

Зголемен ризик од предвремена смрт поради последици од депресија, во секоја деценија се евидентира кај мажите, додека по 90-те години и кај жените.

Научниците утврдија дека зголемениот број предвремени смртни случаи, не е директно поврзан со депресијата, туку со последиците како што е срцев удар.

Депресијата со години се поврзува со серија здравствени проблеми, делумно поради тоа што може да предизвика физиолошки промени во организмот и придонесува за стекнување нездрави навики како лоша исхрана, физичка неактивност, пушење и претерано конзумирање алкохол.

Кај мажите заболени од депресија, шансите за предвремена смрт на почетокот на студијата беа речиси три пати поголеми, но со тек на време се намалуваа и на крајот на студијата паднаа на 52 отсто.

Ризикот од предвремена смрт кај жените заболени од депресија, со тек на времето растеше. На почетокот на студијата, ризикот од предвремена смрт изнесуваше осум отсто, а на крај се зголемија на дури 51 процент, со што жените се изедначија со мажите.

Претходна студија на научници од Оксфорд, покажа дека борбата со депресија го скусува животот како и пушењето – за седум до 11 години.

Во 2006 година, слична студија покажа дека на луѓето кои страдаат од тешка депресија, животниот век може да им биде скратен за 13 до дури 31 година.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.