Како шеќерната кома влијае на мозокот?
Претходни истражувања го испитувале позитивното влијание на глукозата врз мозокот, односно како може да помогне за подобрување на памтењето.
Меѓутоа, внесувањето на други шеќери може сериозно да нѐ „забави“.
Истражувачите од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд решиле да истражуваат како шеќерите влијаат на когнитивните способности на 49 испитаници.
Испитаниците кои примиле глукоза и сахароза се покажале полошо во извршувањето задачи во споредба со групите кои добиле фруктоза и пласебо.
„Фасцинирана сум како нашето секојдневно однесување влијае врз нашиот живот“, вели Меи Пенг, една од авторките на истражувањето.
„Шеќерите потполно го менуваат начинот на кој работи човечкиот мозок. Истражувањето покажа дека постои ‘шеќерна кома’ кога процентот на концентрација се намалува драстично поради конзумирање глукоза.“