Како кокаинот го уништува мозокот?

Само една доза кокаин е во можност да го промени мозокот, открија научниците од Универзитетот на Источна Англија.

При вршење на експерименти со стаорци тие открија дека кокаинот го нарушува односот помеѓу два важни протеина во мозокот, соопшти британскиот весник “Дејли мејл”. Поради тоа слабее способноста за самоконтрола.

Способноста на мозокот да се справи со стресот се намалува, се зголемува и веројатноста човек да доживее со помош на дрога да избега од проблемите. Овој стрес може да ги поттикне кон релапс оние кои се трудат да ја поразат зависноста. Стресот може да биде каков и да е – од психолошка тензија до нешто гледано на телевизија. При тоа доволно е само еднократна употреба на кокаин, за да се промени структурата на мозокот.

И иако истражувањето се спроведуваше врз стаорци, истражувачите се убедени дека заклучоците се валидни и за луѓето. Нешто слично се случува кога алкохоличари или наркомани  се обидуваат да се справат со зависноста. Специјалистите сугерираат дека препарат кој ја обновува врската помеѓу протеините, ќе помогне да се спречи релапс кај луѓето кои се борат со кокаинската зависност.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.