Мигрената е поврзана со срцеви болести!
Истражувањето кое беше објавено во British Medical Journal вели дека мигрената може да предизвика срцев и мозочен удар, како и неправилна работа на срцето.
Оваа длабока и релевантна студија покажува дека мигрената е секако поврзана со кардиоваскуларните болести и дека тоа е најчестата причина за смрт на луѓето кои патат од мигрена.
Дански и американски истражувачи го спроведоа ова истражување во периодот од 1995 до 2013 година. Повеќе од 500.000 луѓе немале проблеми со мигрена, додека 51.000 од луѓето забележале дека имаат мигрена.
Истражувањето покажа дека жените имаат повеќе проблеми со мигрена, и почесто боледуваат од неа, скоро 70% од жените добиваат мигрена во еден момент од животот, а просечната старост на која се појавува е околу 35 години.
„Истражувањето покажа дека мигрената треба да ја сметаме како сериозен проблем и главен причинител за појава на срцеви болести, како кај жените така и кај мажите. Причина за тоа е големиот број на смртни случаи причинети од кардиоваскуларни болести кај лицата кои страдаат од мигрена“, запишаа научниците.
Мигрената има потешки симптоми од обичните главоболки и причинува прилично силни болки. Редовно е проследена со мачнина, повраќање, исцрпеност на организмот и чувствителност на светлина и бучава. Нејзиното траење е индивидуално, кај некои луѓе поминува за неколку часа, додека кај други луѓе знае да се задржи и по неколку дена.